Здружение на преведувачи на Република Македонија, регистрирано
Thread poster: Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
Dec 15, 2011

Почитувани,

Со радост сакаме да ве известиме за основањето на Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ) и да ве поканиме да станете негов член. Се надеваме дека откако ќе ги прочитате документите на ЗПРМ (статут, програма, кодекс на етичко и професио�
... See more
Почитувани,

Со радост сакаме да ве известиме за основањето на Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ) и да ве поканиме да станете негов член. Се надеваме дека откако ќе ги прочитате документите на ЗПРМ (статут, програма, кодекс на етичко и професионално однесување, препораки за тарифирање) ќе заклучите дека сакате, заедно со нас, да учествувате во промовирање на професијата, професионален развој на членовите на професијата и унапредување на стандардите за работа, но и да се дружите и разменувате искуства со останатите членови на различните средби што ќе ги организираме.

Заедно сакаме да изградиме знак за квалитет!

Програмата на здружението предвидува многу активности меѓу кои (1) изработка и одржување на мултифункционален интернет-портал на здружението со регистар на членови кој потенцијалните клиенти ќе можат да го пребаруваат според комбинации на јазици, стручност/област и други параметри; (2) донесување на Европскиот стандард за превод - EN 15038 како македонски стандард и професионален стандард на ЗПРМ; (3) организирање на првата и следните конференции на ЗПРМ како основен настан за професионален развој, информирање и напредување на професионалните преведувачи; (4) зачленување во FIT и други релевантни меѓународни организации и здруженија; (5) издавање на билтен и друга релевантна литература ... Овие активности ќе ги финансираме со членарината но и со партнери-донатори, грантови и слична помош од различни извори.

Што добивате вие како член на ЗПРМ?
 Имате можност да се информирате за сите новини во професијата на глобално ниво, и да се дружите со своите колеги и деловни партнери и на тој начин да градите цврсти деловни врски што ќе ви донесат уште повеќе работа и углед, а можеби и некој нов пријател.
 Вложувате во професионален развој, промоција (маркетинг) и зголемување на обемот на работа. Членарината е деловна инвестиција што ќе ви се врати преку регистарот на членови каде ќе можете да се претставите со краток профил/опис. Со ова ќе се зголеми вашата видливост на локалниот пазар, но уште поважно ќе станете видливи и на глобалниот пазар бидејќи многу повеќе потенцијални домашни и странски клиенти на кои им е потребна токму вашата комбинација од јазици, специјалност и искуство ќе можат да ве најдат.
 Преку семинарите, конференциите, обуките и другите едукативни настани што ќе ги организира здружението, а вие ќе можете да ги посетувате по специјална цена, ќе имате можност да учите за новите и напредни технологии што денес ја движат напред преведувачката индустрија, професионално да се развивате и да се специјализирате, и да усвојувате деловни вештини што ви им помогнат да стекнете нови и повеќе клиенти.
 Заедно ќе изградиме знак за квалитет и професионалност во преведувањето кој ќе ве издвои од другите затоа што вашите клиенти ќе знаат дека работата ќе ја завршите професионално и квалитетно.

Ако имате прашања во врска со зачленувањето или други прашања во врска со Здружението на преведувачи на Република Македонија слободно јавете ми се мене или на другите претставници на здружението на долунаведените телефонски броеви.

Сакаме да ни се придружите затоа што ве цениме како колеги и професионалци, а и заедно сме посилни.

Со почит,

Основачите на ЗПРМ:
Ирена Кацарски-Ќимова – Претседател 071 308 516 [email protected]
Христина Дојчинова – Потпретседател 070842623 [email protected]
Бојан Кицуровски – Секретар 070 226 409 [email protected]
Љубица Арсовска
Рајна Кошка Хот
Огнена Никуљска
Зорица Николовска
Мирјана Алексова Чкартоска
Огнен Чемерски
Владимир Димитријевиќ

Почесни членови:
Маргарет Рид
Греам Рид
Collapse


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Како да се зачленам Dec 15, 2011

За да се зачлените треба да пополните барање за членство. За да го добиете образецот во електронска форма, како и документите на здружението, слободно пишете ми на [email protected] и... See more
За да се зачлените треба да пополните барање за членство. За да го добиете образецот во електронска форма, како и документите на здружението, слободно пишете ми на [email protected] или на мојата адреса [email protected]. Пополнетиот образец потоа пратете го на адресата на ЗПРМ [email protected].

За членство во категоријата „активен член“ треба да исполните определени услови предвидени со статутот на ЗПРМ (ќе објаснам подолу). Ако ги исполнувате условите за оваа категорија, што ги наведувате во барањето за членство, по потврда од наведените спонзори, и по уплаќање на членарината, станувате член на ЗПРМ.

За членство во категоријата „придружен член“ не е потребно исполнување на посебни услови и станувате член со поднесување на барањето за членство и уплаќање на членарината.

Членарината се засметува за календарска година и важи од јануари до декември.
Collapse


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
категории членство, права и обвврски Dec 15, 2011

Следи извадок од Статутот на ЗПРМ, каде се објаснуваат категориите членство, условите за зачленување, правата и обврските на членовите согласно категоријата на која припаѓаат:

ЧЛЕНСТВО
Член 7
(1) Член на Здружението може да биде секој член на преведувачката пр
... See more
Следи извадок од Статутот на ЗПРМ, каде се објаснуваат категориите членство, условите за зачленување, правата и обврските на членовите согласно категоријата на која припаѓаат:

ЧЛЕНСТВО
Член 7
(1) Член на Здружението може да биде секој член на преведувачката професија кој ги исполнува условите за членство и ги прифаќа Статутот, Програмата, Кодексот на професионално и етичко однесување, Стандардите за преведување, Препораките за тарифирање и сите други правила и прописи на Здружението и доброволно пристапува кон Здружението.
(2) Секој кандидат пополнува образец - барање за членство кој го доставува до Здружението.
(3) Здружението го сочинуваат следните категории членови: активни, придружни, институции, трговски друштва, доживотни и почесни членови.
(4) Сите членови на Здружението се обврзуваат дека ќе ги почитуваат и ќе постапуваат според Статутот, Програмата, Кодексот на професионално и етичко однесување, Стандардите за преведување, Препораките за тарифирање и сите други правила и прописи на Здружението што ќе се усвојат на основачкото собрание или на други собранија, како и добрите практики и узансите на преведувачката професија.
(5) Здружението води регистар на членови кој се ажурира при секоја промена на членството и се објавува на интернет страницата на Здружението, а може да се објавува и во друга соодветна форма.

УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО
Член 8
Активни членови
(1) Секое лице кое:
(а) професионално се занимава со преведување или тесно поврзана дејност и
(б) постигнало професионален статус којшто е потврден со оцена од колегите, односно кандидат чие барање за членство го поддржуваат најмалку тројца активни членови, може да стане активен член.
(2) Активното членство гласи само на име на поединецот и не дава право за членство на трговското друштво, институцијата или работодавачот за кој работи поединецот.
(3) Преведувачи акредитирани од страна на европските институции или реномирано професионално здружение од друга земја може да поднесат барање за активно членство до Здружението и не мора да го исполнат условот 1(б).
(4) Секое лице што ги задоволува условите за активно членство, а не е граѓанин на Република Македонија, може да стане активен член со поддршка од најмалку тројца активни членови на Здружението.
(5) Доколку во текот на своето работење Здружението воведе систем на акредитација на преведувачи како услов за членство, условот 1(б) може да се замени со зборовите „успешно положен тест за акредитација за најмалку една насока од два јазика“.

ДРУГИ ЧЛЕНОВИ
Член 9

(1) Придружни членови – агенции за преведување: Придружни членови може да бидат правни субјекти што се занимаваат со давање преведувачки услуги. Членството гласи на име на агенцијата за преведување, а не на име на поединец. Поединци од агенција за преведување-член може сами за себе да станат членови во другите категории членство. Секоја агенција за преведување-член има обврска да достави до Здружението, во писмена форма, известување за лицето што го назначила за свој претставник за сите потреби на членството во Здружението. Агенцијата за преведување-член може во секое време да го смени назначеното лице со друго лице. Постапките на назначениот претставник на агенција за преведување-член, за целите на членството во Здружението, се сметаат за постапки на агенција за преведување-член.

(2) Придружни членови – физички лица: Придружни членови можат да бидат кандидати за активно членство, други членови на преведувачката професија што се заинтересирани за оваа категорија членство, лица што се занимаваат со поврзани и придружни професии и пријатели на професијата од други професии.

(3) Студенти: Секое лице што е редовен или вонреден студент на преведување, странски јазик или сродни студии, на додипломски или постдипломски студии, може да бара студентско членство. Периодот на студентското членство не може да биде подолг од четири години.

За другите предвидени категории членство (институции, трговски друштва, доживотни членови и почесни членови) можете да прочитате повеќе во статутот.

(8) Промени во статусот. Секој активен член кој сака да стане придружен член може тоа да го побара од Комисијата за прием и јазична класификација во писмена форма. Ако придружен член ги исполнува барањата за активен член и сака да го смени својот статус треба да поднесе барање до Комисијата за прием и јазична класификација.


ПРАВА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Член 10

(1) Активните членови имаат право да присуствуваат на секое собрание на членството на Здружението, да ги користат сите погодности од членството и да ги добиваат сите публикации на Здружението бесплатно или по повластена цена. Исто така, тие имаат право да гласаат, да вршат функција во органите и комисиите на Здружението, и кога Здружението ќе воведе систем на акредитација, да полагаат тест за акредитација.

(2) Придружните членови – агенции за преведување ги имаат сите права на активни членови освен правото да вршат функција во органите на Здружението и комисиите на Здружението. Придружните членови – агенции за преведување имаат право да го користат амблемот на Здружението само во следната форма: „Придружен член на [амблем или кратенка]“.

(3) Придружните членови – физички лица ги имаат сите права на активни членови освен правото да гласаат, да вршат функција во органите на Здружението, да бидат членови на Органот на управување и комисиите на Здружението и да го користат амблемот на Здружението.

Ставовите од 4 до 7 може да ги прочитате во статутот.


ЗАЧЛЕНУВАЊЕ
Член 12

(1) Кандидатот за членство мора да поднесе образец – барање за членство и едновремено да ја плати членарината за категоријата членство за која се пријавува за тековната година и да потпише изјава дека ќе го почитува овој Статутот, Програмата, Кодексот на професионално и етичко однесување, Стандардите за преведување, Препораките за тарифирање и сите други правила и прописи како и другите правила на професијата, и уредно да ги поднесе до Здружението.

(2) Комисијата за прием и јазична класификација го разгледува барањето и оценува дали кандидатот ги исполнува условите за бараната категорија членство согласно политиката и процедурите зацртани од страна на Органот на управување. Кандидатот за членство добива писмено известување за одобрување или одбивање на барањето, или препорака за категоријата членство за која ги исполнува условите.

(3) Секој кандидат кој смета дека неправедно му било одбиено барањето за членство, или за одредена категорија членство, може писмено да се обрати до Органот на управување во согласност со процедурите што Органот на управување ги воспоставил за таа цел. Одлуката на Органот на управување е конечна.
Collapse


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
Ако сакате да станете активен член но Dec 15, 2011

во моментот нема активни членови што доволно ве познаваат за да гарантираат за вас или нема доволно активни членови од вашите јазични комбинации, за да ве поддржат!

Може:

1. ...да станете придружен член и да почекате да се створат услови да станете активен член.... See more
во моментот нема активни членови што доволно ве познаваат за да гарантираат за вас или нема доволно активни членови од вашите јазични комбинации, за да ве поддржат!

Може:

1. ...да станете придружен член и да почекате да се створат услови да станете активен член.

2. ...да побарате од Комисијата за јазичка класификација на ЗПРМ да направи ревизија на ваш превод и да даде препорака.

За да добиете список на активните членови на здружението слободно пишете и на адресата на здружението [email protected] или на мојата адреса [email protected].

Поздрав, Ирена

[Edited at 2011-12-15 18:36 GMT]
Collapse


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
прашања Dec 15, 2011

Сигурна сум дека многумина од вас ќе имаат прашања во врска со здружението и членството, па сакам да ве охрабрам да го искористите овој форум за да ги поставите, јас на сите ќе ви одговорам.

Поздрав, Ирена


 
Sanja Mihajlovik
Sanja Mihajlovik
Local time: 09:33
Spanish to Macedonian
+ ...
Веб страна Dec 16, 2011

Дали здружението има своја веб страна? Благодарам.

 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
интернет-страница, наскоро Dec 16, 2011

Сега го подготвуваме концептот за интернет-страницата на здружението, и ќе се потрудиме да го реазлизираме што е можно поскоро. Сакаме да се развие во веб-портал кој ќе има два дела, јавен и приватен. Јавниот дел ќе содржи информативни и образовни содржини, и регистар на чле�... See more
Сега го подготвуваме концептот за интернет-страницата на здружението, и ќе се потрудиме да го реазлизираме што е можно поскоро. Сакаме да се развие во веб-портал кој ќе има два дела, јавен и приватен. Јавниот дел ќе содржи информативни и образовни содржини, и регистар на членови со кратки профили преку кои тие ќе се претстават за да бидат подостапни до потенцијалните клиенти и на домашниот и на на глобалниот пазар. Овој регистар ќе може да се пребарува преку различни параметри како: јазична комбинација, специјализација, место на живеење и сл. (слично на Проз). Ќе с еобидеме да го поврземе со сите важни приватни и јавни институции во државата и пошироко. ВО јавниот дел ќе биде претставено здружението, документите на здружението, неговата мисија и активности, информативни и образовни содржини, и регистарот. Ќе има можност и за он-лајн зачленување. ВО приватниот дел ќе комуницираат членовите на здружението преку форуми/дискусии на различни теми и проблеми, ќе разменуваат терминологија, може да користат и да градат заеднични бази на терминологија и сл. Пристапот до јавниот дел од порталот ќе биде слободен за сите, но само членовите ќе можат да пристапат до приватниот дел и да ги користат поволностите.

Ќе почнеме поедноставно но ова е тоа кон што целиме. Се надевам дека набрзо ќе можете да ја посетите страницата на ЗПРМ.

За да можеме да ја оствариме оваа замисла, и другите активности предвидени со програмата како годишната конференција за професионален развој, потребно е вие, членовите на преведувачката и придружните професии, да го поддржите здружението со своето членство.
Collapse


 
Sherefedin MUSTAFA
Sherefedin MUSTAFA
Netherlands
Local time: 09:33
Dutch to Albanian
+ ...
Искрени честитки Dec 17, 2011

Благодарам Ирена, навистина убава вест пред самиот крај на годината.

Сакам најискрено да им се заблагодарам на основачите на ЗПРМ за нивната истрајност и за огромните напори кои ги вложиле во реализацијата на една замисла за која и на проз долго време е разговарано.<
... See more
Благодарам Ирена, навистина убава вест пред самиот крај на годината.

Сакам најискрено да им се заблагодарам на основачите на ЗПРМ за нивната истрајност и за огромните напори кои ги вложиле во реализацијата на една замисла за која и на проз долго време е разговарано.

Сосема е разбирливо дека пред раководството на ЗПРМ претстојат огромни задачи, а верувам и препреки, како на организационен така и на материјален план за понатамошно осмислување и организирање на активностите.

Се надевам дека што поголем број на професионални преведувачи ќе се зачленат во здружението и ќе придонесат во остварувањето на целите кои се единствени за сите нас, како што се признавањето и подоброто вреднување на нашата работа, унапредувањето на комуникацијата меѓу професионалните преведувачи, подоброто застапување на нашите интереси итн.

Last but not least: успехот на секое професионално здружение зависи од ангажирањето на членовите!


Поздрав,
Шерефедин
Collapse


 
elenakara
elenakara
Local time: 09:33
Macedonian to German
Cena na paket z aclenstvo Oct 10, 2013

Pocituvana g-ga, Kimova.

So ogled na toa sto imate predlozeno paket za clenstvo bi sakala da znam koja e cenata?
Od sto se sostoi toj paket konkretno?
Pozdrav, Elena


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
аЗаА аПаАаКаЕб‚аИб‚аЕ баО аКаОб‚аИаЗаАб†аИб˜аА аЗаА аКаОаНб„аЕб€аЕаНб†аИб˜аАб‚аА аИ б‡аЛаЕаНбб‚аВа Oct 12, 2013

Здраво Елена,

претпоставувам дека твоето прашање се однесува на пакетите со котизација и членство (http://mata.mk/conference/mk/events/2013/) што ги објавивме за Првата меѓународна конференција на ЗПРМ.

Има три пакети: (1) к
... See more
Здраво Елена,

претпоставувам дека твоето прашање се однесува на пакетите со котизација и членство (http://mata.mk/conference/mk/events/2013/) што ги објавивме за Првата меѓународна конференција на ЗПРМ.

Има три пакети: (1) котизација + активно членство, (2) котизација + придружно членство , и (3) котизација + студентско членство.

Придобивката е во тоа што покрај учеството на конференцијата, платената членарина е со попуст и ќе ти важи за цела 2014 г. а ќе добиеш и членство гратис за месеците до крајот на оваа година.

За жал за пакетот со активно членство е веќе доцна бидејќи постои процедура за активното членство што до 15 октомври треба да е завршена за да може да навремено се уплати со цените од раната регистрација која трае до 15 окт 2013. Прво треба да се спроведе постапката на зачленување, а по завршување на постапката се врши упатата на пакетот.

Кај пакетот со придружно членство е поедноставно, прво се регистрираш на линкот погоре и веднаш ја го уплаќаш износот за пакетот бидејќи за придружното членство нема услови за зачленување. Ако го избереш пакетот со придружно членство а сакаш активно членство, можеш постапката за активен член да ја започнеш веднаш по плаќањето на пакетот и по завршувањето на постапката, да станеш активен член.

По 15 октомври може да се направи регистрација по редовните цени за котизацијата или за пакетите (http://mata.mk/conference/mk/events/2013/):

Рана регистрација (>15/10/2013) Редовна регистрација од 15.10 - 9.11.2013
Членови ЗПРМ, котизација:
Рана регистрација (>15/10/2013) 2.700,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 3.900,00

Котизација за други учесници
Рана регистрација (>15/10/2013) 3.900,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 5.400,00

Пакет придружно членство:
Рана регистрација (>15/10/2013) 5.800,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 6.900,00

Пакет активно членство:
Рана регистрација (>15/10/2013) 6.400,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 7.500,00

Котизација за студенти:
Рана регистрација (>15/10/2013) 1.500,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 2.100,00

Пакет студентско членство:
Рана регистрација (>15/10/2013) 2.800,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 3.200,00


Уплата треба да се направи на следната денарска сметка:
ЗПРМ – СКОПЈЕ
NLB Тутунска банка 210 – 066656240175
Цел на дознака: конференција 2013 (или конференција 2013 и членство)
Collapse


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
North Macedonia
Local time: 09:33
English to Macedonian
+ ...
TOPIC STARTER
аЗаА аПаАаКаЕб‚аИб‚аЕ баО аКаОб‚аИаЗаАб†аИб˜аА аЗаА аКаОаНб„аЕб€аЕаНб†аИб˜аАб‚аА аИ б‡аЛаЕаНбб‚аВа Oct 12, 2013

Здраво Елена,

претпоставувам дека твоето прашање се однесува на пакетите со котизација и членство (http://mata.mk/conference/mk/events/2013/) што ги објавивме за Првата меѓународна конференција на ЗПРМ.

Има три пакети: (1) к
... See more
Здраво Елена,

претпоставувам дека твоето прашање се однесува на пакетите со котизација и членство (http://mata.mk/conference/mk/events/2013/) што ги објавивме за Првата меѓународна конференција на ЗПРМ.

Има три пакети: (1) котизација + активно членство, (2) котизација + придружно членство , и (3) котизација + студентско членство.

Придобивката е во тоа што покрај учеството на конференцијата, платената членарина е со попуст и ќе ти важи за цела 2014 г. а ќе добиеш и членство гратис за месеците до крајот на оваа година.

За жал за пакетот со активно членство е веќе доцна бидејќи постои процедура за активното членство што до 15 октомври треба да е завршена за да може да навремено се уплати со цените од раната регистрација која трае до 15 окт 2013. Прво треба да се спроведе постапката на зачленување, а по завршување на постапката се врши упатата на пакетот.

Кај пакетот со придружно членство е поедноставно, прво се регистрираш на линкот погоре и веднаш ја го уплаќаш износот за пакетот бидејќи за придружното членство нема услови за зачленување. Ако го избереш пакетот со придружно членство а сакаш активно членство, можеш постапката за активен член да ја започнеш веднаш по плаќањето на пакетот и по завршувањето на постапката, да станеш активен член.

По 15 октомври може да се направи регистрација по редовните цени за котизацијата или за пакетите (http://mata.mk/conference/mk/events/2013/):

Рана регистрација (>15/10/2013) Редовна регистрација од 15.10 - 9.11.2013
Членови ЗПРМ, котизација:
Рана регистрација (>15/10/2013) 2.700,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 3.900,00

Котизација за други учесници
Рана регистрација (>15/10/2013) 3.900,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 5.400,00

Пакет придружно членство:
Рана регистрација (>15/10/2013) 5.800,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 6.900,00

Пакет активно членство:
Рана регистрација (>15/10/2013) 6.400,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 7.500,00

Котизација за студенти:
Рана регистрација (>15/10/2013) 1.500,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 2.100,00

Пакет студентско членство:
Рана регистрација (>15/10/2013) 2.800,00
Редовна регистрација (15.10 - 9.11.2013) 3.200,00


Уплата треба да се направи на следната денарска сметка:
ЗПРМ – СКОПЈЕ
NLB Тутунска банка 210 – 066656240175
Цел на дознака: конференција 2013 (или конференција 2013 и членство)
Collapse


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Chkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Здружение на преведувачи на Република Македонија, регистрирано






Anycount & Translation Office 3000
Translation Office 3000

Translation Office 3000 is an advanced accounting tool for freelance translators and small agencies. TO3000 easily and seamlessly integrates with the business life of professional freelance translators.

More info »
TM-Town
Manage your TMs and Terms ... and boost your translation business

Are you ready for something fresh in the industry? TM-Town is a unique new site for you -- the freelance translator -- to store, manage and share translation memories (TMs) and glossaries...and potentially meet new clients on the basis of your prior work.

More info »